Давор Бошњаковиќ кон крајот на март поднесе оставка од местото член на Управниот одбор на „Краш“.
Бошњаковиќ како член на на Управниот одбор за производство и набавка помина повеќе од две години, а заминува од лични причини.
Искустсвото што го стекнав во „Краш“ за мене е непроценливо. „Краш“ е кондиторски лидер, компанија со традиција чии производи се присутни на бројни светски пазари. Благодарен сум што имав можност да учествувам во работењето на „Краш“ и да дадам придонес, посебно во предизвикувачки економски период кој бараше дополнителна одговорност при носењето на секоја одлука. Причините за мојата оставка се лични, а задоволен сум што знам дека зад себе оставам добри резултати што компанијата ги покажа минатата година и се радувам на сите успеси што „Краш“ го чекаат во иднина, изјави тој.
Извор/Фото: Kraš
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.