Регион

„Реве“ се двоуми, а „Воли“ повеќе не е заинтересиран за „Туш“

10 Apr 2023

Во наредните денови ќе се знае дали германскиот малопродажен гигант „Реве“ ќе го преземе трговски синџир „Туш“.

Ова го пишува „Дневник“ и додава дека неофицијално дознал дека „Фортенова“ која е сопственик на „Меркатор“ и „Шпар“ е заинтересирана за купување на поединечни трговски центри „Туш“.

Доколку „Реве“ не го преземе малопродажниот синџир „Туш“, постои можност имотот да се продава дел по дел, со цел до крајот на годинава да се деинвестира инвестицијата во „Енгротуш“, објави Дневник.

Според овој медиум, „Шпар“ пројавил интерес за купување на „Туш“, а црногорскиот „Воли“ повеќе не е заинтересиран да го купи.

Засега германскиот трговски синџир „Реве“ се покажа како најсериозен купувач, а оваа вест пред неколку дена ја објави германскиот неделник Lebensmittel Zeitung.



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...