Регион

„Фортенова“ исплати 2,2 милиони евра велигденски бонус за вработените

07 Apr 2023

„Фортенова група“ и нејзините оперативни компании во Хрватска и оваа година на вработените им исплатија велигденски бонуси.

Во овој вид наградување се вложени речиси 2,2 милиони евра, што е согласност со важечките колективни договори на поедини компании, соопштија од „Фортенова група“. 

Традицијата на исплата на бонуси за Велигден во нашите компании не е само почитување на обрските што ги преземавме кон социјалните партнери, туку е израз на почитување кон сите наши вработени и благодарност за фактот дека на нив можеме да се потпреме во секој момент. Пред нас е најинтензивниот период за индустријата во која работиме, нова сезона и нови предизвици. Поради тоа ја користам можноста на сите колеги и колешки да им посакам среќни велигденски празници, изјави Фабрис Перушко, член на Управниот одбор и главен извршен директор на „Фортенова група“. 

Извор: Poslovni.hr
Фото: Fortenova.hr 



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...