Регион

Словенија: Cockta прослави 70 години работење

10 мар 2023

Првиот газиран сок во поранешна Југославија ѝ беше претставен на јавноста на 8 март 1953 година, во рамки на натпреварот во скијање во словенечката скокалница Планица. На Словенците и на останатите посетители на натпреварот вниманието им го привлече фотографија од девојче кое пие Cocktа.

Таа, денес веќе легендарна фотографија на Cocktа е дело на дизајнерот и академски сликар Урош Вагај. Девојчето од фотографијата денес е еден од најпознатите ликови на брендот.  

Пијалакот птво се викал Jugococta. Негов творец бил технологот од љубљанското претпријатие „Словенијавино“. Називот Cocta го избрал поради звучната асоцијација на американската Coca - cola и на „коктел“, сугерирајќи дека станува збор за коктел од различни вкусови. Пијалакот имал киселкаст вкус со екстракт од шипинки и различни билки, и со додаток од витамин Ц и карамелизиран шеќер.

Истата година, 1953, беа произведени првите милион литри Cocta и наполнија 4,5 милиони шишиња со пијалакот. Првите 14 години Cockta имаше 25 отсто годишен раст на продажбата, а во 1967 година беа продадени дури 80 милиони шишиња и Cocta прерасна во еден од најдобрите извозни производи. 

На почетокот на март, во пресрет на јубилејот, компанијата ја покрена кампањата „Од што си ти?“, која вклучува кампањи на социјалните мрежи и видео во траење од 30 секунди. 


Фото: Cockta



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...