Регион

Хрватска: „Франк“ повторно ја почна програмата Franck StartUp за млади

06 Mar 2023

Со цел да им овозможи на младите луѓе да стекнат драгоцено работно искуство, „Франк“ ја почна програмата за практикантска работа StartUp во 2019 година и прифаќа нова рунда апликации.

Двегодишната програма е дизајнирана за млади кои неодамна дипломирале и активно бараат можност да стекнат работно искуство и да ги направат првите чекори во својата кариера.

За време на двегодишната пракса, секој студент добива ментор и поминува низ програма која му дава целосна слика за бизнисот и можностите што му се нудат во компанијата. Целта на програмата е да се пронајдат и вработат или ангажираат млади таленти во тимот на „Франк“.



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...