Регион

Славко Ледиќ заминува од „Краш“

01 Mar 2023

Славко Ледиќ, претседател на Управата на „Краш“, заминува од функцијата, и покрај тоа што мандатот му трае до 2025 година.

Тој на чело на „Краш“ дојде од „Конзум“, во 2020 година. 

Во „Краш“ поминав три преубави години и добро знам кои се вредностите на оваа компанија. Затоа ми беше тешко да одлучам да одам, но мојата одлука за оставка од функцијата претседател на Управата на „Краш“ е од лична природа, кажа Ледиќ. 

Оставката беше објавена во период кога кога и неревидираните резултати за минатата деловна година покажаа дека групацијата оствари вкупни приходи од 1,19 милијарди куни, речиси 10 отсто повеќе од претходната година. Добивката пред оданочување изнесуваше 54,4 милиони куни, 42 отсто повеќе отколку во 2021 година. Ледиќ ги коментираше и резултатите од работењето: задоволен сум од тоа што „Краш“ го оствари во 2022 бидејќи знам дека зад работењето стои трудот на бројни луѓе - од оние кои работат во производство до оние кои се на управувачки позиции. Среќен сум што имав можност да работам со прекрасни луѓе, а истовремено сум горд и благодарен што ми е укажана доверба и можност да бидам на чело на силна компанија каква што е „Краш“. И натаму останувам на располагање на луѓето кои ќе продолжат да ја градат оваа компанија, за која сум уверен дека ја чека светска идина, изјави Ледиќ.

Извор: poslovni.hr

Фото: Goran Stanzl/PIXSELL

 

 



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...