Регион

БиХ: „Виолета“ прави фабрика за картонска амбалажа

07 Feb 2023

Фабриката за хартиена галантерија „Виолета“ отвора нов, современ погон за производство на картонска амбалажа, во вредност од 30 милиони евра. Веќе се објавени првите огласи за вработување работници. 

Во 2019 година, „Виолета“ ја купи фабриката за слатки „Ласта“ - Чапљина, чии производи веќе се наоѓаат на полиците во маркетите во БиХ и во регионот. Потоа, минатата година, „Виолета“ ја презеде компанијата „Шмид маисау“ од Австрија, позната како специјалист за изработка на медени колачиња на највисоко ниво. Брендот е стар дури 110 години. На основа на австриското искуство и истражување на потребите на пазарот во БиХ, во „Ласта“ ќе се произведува нов вид кекс, за да се задоволат потребите на домашниот пазар и да се извезува на западниот пазар. 

Новата фабрика за картонска амбалажа е логично продолжување на тој бизнис план. Во неа, меѓу другото, ќе се произведува амбалажа за „Ласта“ но и за другите компании, со што ќе се заокружи производствениот процес. 



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...