Регион

„Делта холдинг“ во 2022 имаше рекордни 783 милиони евра приход

26 јан 2023

„Делта холдинг“ во 2022 година оствари рекордни резултати - нејзините приходи од продажба достигнаа 782,4 милиони евра, што е 30 отсто повеќе од 2021 година. ЕБИТДА, однодно оперативната добивка пред оданочување изнесуваше 86,9 милиони евра и беше 34 отсто поголема отколку годината претходно, објави Милка Војводиќ, извршна директорка и потпретседателка за финансии и економија во „Делта холдинг“. 

Минатата година членките на холдингот инвестираа 97 милиони евра, а планот е вложувањата за оваа година да достигнат 204 милиони евра. Фокусот на вложувања ќе биде на недвижностите, индустријата за храна, а во иднина и инвестиции во земјоделството и развој на дигиталното работење како што е платформата за онлајн трговија „ананас“. 

Лани компанијата забележа раст на приходите од речиси 16 отсто, на 319,8 милиони евра,а ЕБИТДА беше 25,6 милиони евра. Со приходот од околу 130 милиони евра што го остварија компаниите што се занимаваат со производство на храна, вкупниот резултат на овој дел од холдингот достигна речиси 445 милиони евра. 

„Делта холдинг“ е основана во 1991 година и запослува 4.000 лица. Компаниите членки на холдингот се занимаваат со земјоделско производство, производство на храна, извоз, увоз, застапување на странски компании, продажба на автомобили, дистрибуција на стоки за широка потрошувачка, развој на недвижнини и нови технологии. 

Извор: jatrgovac.com

 



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...