Хрватскиот трговец „Конзум“ претстави нова програма за лојалност, со цел да предизвика внимание за заштита на животинските видови што живеат во Хрватска.
Бувот Олга, мечето Ѓуро, волчицата Анѓа, белоглавиот орел Крешо, рисот Горан, европската видра Славко се плишани ликови кои во новата програма за лојалност на „Конзум“ укажуваат на тоа дека во Хрватска има голем број заштитени и ендемични видови кои би можеле засекогаш да исчезнат. Програмата има и албум за сликички, боенка, како и кампања на социјалните мрежи за најдобар цртеж на темата заштитени животни.
Сакаме да привлечеме внимание, децата да ги научиме на занимливости за животните, а граѓаните да ги освестиме како со своето однесување можат да ги заштитат животните и нивните живеалишта. Албумот е едукативен и забавен, изјави Дуња Делиќ, директорка на секторот за маркетинг во „Конзум“.
Фото: Konzum
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.