Со донација на 46 тони смрзната храна „Ледо плус“ ќе помогне му помогне на хрватскиот „Каритас“ да обезбеди храна за социјално загрозени луѓе.
Храната е наменета за корисниците на домови за стари и немоќни лица и за народните кујни во загребачка жупанија.
Секое време е вистинско време за подарување, особено кога подаракот е за нашите сограѓани кои Божиќ го чекаат во беспарица и неизвесност. Драго ни е што „Ледо плус“, како социјално чувствителна компанија, го препозна овој момент и ќе донесе радост и насмевки кај бројни луѓе и семејства ширум Хрватска, изјави Томислав Главник, управител на хрватскиот „Каритас“ при преземањето на донацијата.
Од „Ледо плус“ изјавија дека силно се залагаат за општествено - одговорно работење.
Дел од нашата одговорност како најголем производител на сладолед и дистрибутер на смрзната храна во Хрватска е да се погрижиме и социјално најзагрозените да имаат пристап до нутритивно богати намирници. Благодарни сме за можноста да им помогнеме на нашите сограѓани. Со оваа донација сакаме да им помогнеме на различни установи полесно да обезбедат топол оброк за сцоите корисници, изјави Татјана Петричушиќ, менаџер за корпоративни комуникации во „Ледо плус“.
Извор: jatrgovac.com
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.