Компанијата ПИК „Бечеј“, една од водечките земјоделски компании во Србија, која работи во рамките на „МК груп“, ја купи фабриката „АБЦ фуд“. Како што се наведува во соопштението, се работи за фабрика за преработка и складирање на зеленчук во Руски Крстур.
Како што истакнуваат од компанијата, една од клучните цели на оваа инвестиција е ПИК „Бечеј“ да ги прошири своите капацитети за преработка и складирање во синергија со постојните ресурси.
Оваа набавка претставува стратешко спојување со фабриката „Флора“, бидејќи наша цел е да го прошириме нејзиниот капацитет. Кога „Флора“ беше купена од „МК груп“ во 2016 година, таа беше во стечај, како што е сега случајот со „АБЦ фуд“. Со секојдневен труд и работа успеавме „Флора“ да ја претвориме во модерна фабрика која со постојано усовршување и инвестирање во производствени линии, опрема и инфраструктура стана компанија која ги извезува своите производи во над 30 земји во светот, изјави Милош Мијовиќ, генерален директор на ПИК „Бечеј“.
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.