Регион

Хрватска: „Пемо“ и „Лониа“ стануваат „Студенац“

24 Nov 2022

Започна процесот на интегрирање и преуредување на продавниците „Пемо“ и „Лониа“ во „Студенац“, еден од водечките малопродажни синџири со најголема мрежа на продавници во Хрватска. Процесот вклучува преуредување и визуелно усогласување на продавниците и финално усогласување на интерните процеси. 

До крајот на годинава сите продавници на „Пемо“ и повеќе од половина продавници на „Лониа“ ќе станат дел од „Студенац“. Целосната интеграција на сите „Лониа„ продавници ќе биде завршена до март 2023 година. 

„Пемо“ и „Лониа“ ги презедовме во средината на оваа година. Целта ни е да ги сочуваме постоечките вредности на овие синџири, но и да ги збогатиме со вредностите на „Студенац“. Задоволството на потрошувачите и на вработените ни останува приоритет, затоа и целиот овој транзициски процес им е прилагоден на нив. Преземањето на овие два трговски синџири е од голема стратешка важност за јакнење на лидерската позиција на „Студенац“ и прилика да им бидеме уште подостапни на нашите купувачи, соопштија од „Студенац“. 

Освен интерното усогласување и прилагодувањето на дури 1700 вработени, завршната фаза на транзицијата на овие трговски синџири опфаќа и преуредување и ребрендирање на сите продавници во Загреб, со дополнителни содржини како препознатливите ту - гоу понуди и пекарници внатре во продавниците. 



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...