Регион

„Бамби“ донира 11 тони производи

22 Nov 2022

Во Србија на граница на апсолутно сиромаштво живеат околу 446 илјади луѓе кои директно зависат од донации во храна, додека од друга страна се фрлаат по 2 милиони килограми храна. Водејќи се од овој факт, лани беше покрената кампања за зголемување на донациите во храна „Да ја спасиме храната, да ја спасиме хуманоста“, а од почетокот на оваа иницијатива компанијата „ Бамби“ донираше повеќе од 11 тони производи на најзагрозените семејства во Србија

Во годината кога славиме 55 години работење, помогнавме со донации за Банките за храна во Белград, Војводина и Ниш. Покрај донација на наши производи, отстапивме и медиумски простор со цел дополнителна поддршка на кампањата и кревање на свеста кај населението за проблемот со прекумерна количина фрлена храна, изјави Иван Јовановиќ, менаџер за корпоративни комуникации во „Бамби“. 

Веќе втора година по ред „Бамби“ е добитник на благодарницата од страна на Српскиот филантропски форум и Коалицијата за хуманост за значителен придинес во кампањата „Да ја спасиме храната, да ја спасиме хуманоста“. Во тек на два циклуси беа собрани повеќе од 112 тони храна, а „Бамби“ во вкупно донираната количина учествуваше со дури 10 отсто. 



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...