Регион

„Хенкел“: Еден тим ќе раководи со два сектора

04 Nov 2022

Ѓорѓе Поповиќ, генерален директор на Јадранскиот сектор за детергенти и средства за домаќинство, неодамна презеде дополнителна одговорност за секторот нега и убавина. Во иднина тој ќе го преземе управувањето со новосоздадениот сектор на „Хенкел“ кој ќе ги вклучува двете деловни единици.

На почетокот од годинава „Хенкел“ најави спојување на двата глобални деловни сектори - детергенти и средства за домаќинство и нега и убавина во еден нов бизнис-сектор Henkel Consumer Brands, кој ќе биде основан најдоцна до почетокот на 2023 година. Го подигнуваме нашиот целен план за пораст на повисоко ниво. Тоа е важен стратешки чекор за нас бидејќи носи силни светски брендови и водечки светски пазарни категории под еден покрив, се посочува во соопштението на компанијата.



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...