Регион

„Лакталис“ исплаќа еднократна помош од по 550 евра

28 Sep 2022

Компанијата „Лакталис“ - Босна и Херцеговина одлучи да исплати еднократен износ од по 1.080 КМ (околу 550 евра) на сите свои вработени и на фармерите од кои откупува млеко, за да им помогне полесно да ја поминат кризата. 

Исто така, свесна за тешкотиите со кои се соочуваат кооперантите (над 1.500 во цела БиХ), „Лакталис“ во изминатите месеци за 30 отсто ја зголеми откупната цена на млекото во споредба со истиот период минатата година. 

Грижата за нашите вработени секогаш ни е на прво место и затоа и се одлучивме за оваа еднократна помош за која веруваме дека ќе им биде од корист ним и на нивните семејства. Исто така, приоритет ни се и фармерите од чии фарми доаѓа млекото што го откупуваме. Сакаме да им помогнеме да продолжат со своето работење што е значително загрозено од порастот на влезните трошоци и од цените на енергенсите, соопштија од „Лакталис“- Босна и Херцеговина. 

 



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...