„Шпар“ - Хрватска почнува со изградба на првата фаза од логистичкиот центар со површина од 75.000 м2. Инвестицијата е поголема од 100 милиони евра, а во првата фаза ќе се вработат околу 500 работници.
Вкупниот капацитет на складиштето е над 100.000 палети. Изградбата се планира да заврши до крајот на 2024 година. Логистичкиот центар ќе биде лоциран близу Загреб.
Од „Шпар“ велат дека со оваа инвестиција значително ќе се унапреди и олесни работењето на компанијата. Локацијата е добро сообраќајно поврзана со патишта, јавен превоз и железничка линија.
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.