Во Домот за деца и младинци со оштетен слух во Белград беше спроведена голема волонтерска акција во која беа реновирани просториите на домот кои згрижуваат деца од цела Србија.
Изведувачи на работите и молери овојпат беа вработените во „Л'Oреал“ во Србија, по повод глобалната иницијатива на компанијата наречена „Ден на граѓаните“, во која секој ден учествуваат околу 30.000 вработени во околу 60 земји ширум светот. Во Србија, ваква акција се организира 13 пат, а во годинешнава учествуваа повеќе од 100 вработени на „Л'Oреал“.
Во рамки на акцијата, искречени се околу 2.000 квадратни метри, а прпвпат по 18 години се изглетувани старите ѕидови на домот. Средени се ходниците, дневниот престој, тоалетите и повеќе од 30 детски соби и канцелариите за вработените, со што овозможија попристоен престој во домот.
Секоја година од 2010, „Л'Oреал“ на своите вработени ширум светот им дава можност работниот ден да го поминат волонтирајќи. Во Србија имаме развиена долгогодишна програма за поддршка на заедницата, но „Денот на граѓаните“ ни е посебно важен и значаен, бидејќи на секој од нас му дава можност да даде и личен придонес за некоја општествено одговорна иницијатива. Се надеваме дека на најдобар начин придонесовме за подобрување на условите во кои растат овие сјајни деца, изјави Сања Бург, директорка за корпоративни комуникации во „Л'Oреал Балкан“.
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.