„Студенац“, еден од водечките малопродажни синџири во Хрватска и „Волт“ една од водечките европски платформи за достава, склучија договор за соработка во покренување заеднички онлај продавници од затворен тип (dark stores).
Ова е прва ваква соработка на хрватскиот пазар. Отворањето на првите продавници во Сплит и во Задар е предвидено за крајот на јули / почеток на август.
Концептот „dark store“ подразбира дека купувачите можат да нарачаат производи исклучиво преку платформа за достава, во овој случај, „Волт“ апликација. Во партнерството, „Студенац“ осигурува производи и опрема, додека логистиката и доставата на производите се во надлежност на „Волт“.
Горди сме на соработката, особено затоа што е прва од ваков вид во Хрватска, меѓу малопродажен синџир и компанија за онлајн достава. Откако „Студенац“ во 2018 речиси тројно ја зголеми малопродажната мрежа и го премина бројот од 1.000 продавници ширум Хрватска, повеќе од кога било станавме свесни дека мораме да ги искористиме сите предности на дигиталните технологии за на нашите купувачи да им пружиме поголема вредност, а со партнерството во „Волт“ одиме во тој правец, соопштија од „Студенац“.
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.