Регион

„Млекара Шабац“ склучи партнерство со „Волт“

17 јун 2022

„Млекара Шабац“ го иновира својот пристап кон потрошувачите преку партнерство со глобалната дистрибутивна мрежа „Волт“, која во Белград, во Врачар, денес го отвора својот прв во серијата продавници „Дарк“.

Според најавата, испораката на храна не е новина, но испораката на дневните потреби во рок од 30 минути секако е.

Концептот на продавница „Волт Дарк“ подразбира затворени продавници во кои влегува само доставувачот на храна и наместо потрошувачот ги купува производите што ги избрал преку апликацијата, што овозможува повеќе простор за асортиманот на продавницата, како и брза и прецизна нарачка.

„Млекара Шабац“ го препозна овој концепт како купување на иднината, која го почитува времето на своите потрошувачи и обезбедува нивна достапност на омилените млечни производи, во секое време, со брза и ефикасна испорака, изјавија од млекарницата.



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...