Регион

Производите на „Шпар“ за 30 минути до дома

14 Jun 2022

Како дел од пилот-проектот, малопродажниот синџир „Шпар“ - Словенија ја подобри соработката со „Волт“ и им овозможи на своите потрошувачи да добијат избор од повеќе од 2.500 намирници и производи од две продавници на „Шпар“.

Од септември минатата година во тек е почетната фаза на соработка во чии рамки „Шпар“ овозможува достава на храна, пијалаци и други производи од две љубљански продавници. Потрошувачите нарачуваат во апликацијата Wolt и можат да изберат меѓу лично подигање, достава до дома во секое време.

Во „Шпар“ најмногу нарачки се евидентираат во понеделник, петок и сабота од 12 до 18 часот, а повеќето потрошувачи нарачката ја очекуваат одредено време наутро. Бананите, лепчињата, млекото, јајцата и боровинките обично се наоѓаат во кошниците за купување преку интернет. Просечното време на подготовка во продавниците е 14 минути, а производите може да се најдат на влезната врата на купувачот за помалку од половина час доколку се нарачаат преку апликацијата.

Миха Деу, шеф на онлајн-продавницата „Шпар онлајн“, за соработката со „Волт“ изјави: Постојано се трудиме нашата понуда да ја приближиме што е можно поблиску до потрошувачите и нивните потреби за модерен начин на живот. Понудата ја надградивме со испораката на „Волт“, а таа е наменета за многу потрошувачи на кои сакавме да им обезбедиме дополнителен канал каде што ќе можат да купуваат. Во блиска иднина се планира проширување и во други продавници и други градови во Словенија.



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...