Регион

Ќорлука: „Ласта“ ќе извезува и на соседните пазари

25 May 2022

Пред неколку дена ги отвори своите врати фабриката за кекси и вафли „Ласта“ во Чаплина, БиХ, после неколку години реконструкција на стариот објект кој е обновен од темел и опремен со современа опрема од страна на новиот сопственик, компанијата „Виолета“. 

„Ласта“, во новото руво, со симболично сечење на лентата прво ги отвори вратите за децата од предучилишните установи во Чаплина, кои се најголеми љубители на благи производи. 

Петар Ќорлука, сопственик на „Виолета“, најави дека производството ќе се шири. 

Сега цел ни е извоз на соседните пазари, а потоа ќе видиме како ќе продолжиме понатаму. Вложивме околу 20 милиони евра и нема да застанеме тука. Ние во Австрија купивме една фирма, поточно бренд што е стар 110 години. Тие се специјалисти за производство на медени колачи, а веќе во јуни нивниот главен технолог тука ќе ги произведува тие колачи и под тој бренд ќе ги извезуваме во Германија и во Австрија. Се надеваме дека производството во „Ласта“ ќе работи во три смени, наместо во една, како досега, изјави Ќорлука. 

Тој само во машини инвестираше повеќе од 10 милиони евра. При модернизацијата на објектот се поставени и соларни панели, а производството во целост е прилагодено на условите во ЕУ.

На свеченоста по повод отворањето на „Ласта“ присуствуваа претставници на бизнисот и на политиката од БиХ и од регионот. 



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...