Прехранбената компанија „Нестлé“ со воведување на халал - стандардот ја прошири стандардизацијата на процесите во производството на супите од портфолиото MAGGI што се произведуваат во фабриката во Сурчин.
Сертифицираните производи не смеат да содржат состојки од свинско потекло (на пример маст и желатин). Поради тоа се проверуваат сировините, но и производствените процеси.
Клучно место во деловната политика на „Нестлé“ заземаат токму принципите на осигурување високо ниво на квалитетни производи, како хигиенска исправност на производите, а халал - стандардот е само потврда за тоа. Нашите бистри супи, супите со кнедли и крем супите, како и останатите халал - сертифицирани производи од нашата фабрика ги задоволија виските халал - стандарди. Имплементацијата на халал - ознаките на амбалажата е во тек, изјави Рената Матусиновиќ, извршна директорка за категоријата храна за пазарот на Југоисточна Европа и долгогодишна членка на управувачкиот тим на „Нестле“.
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.