Регион

„Франк“ стана член на Меѓународниот инстутут за климатски активности

21 Apr 2022

„Франк“ се придружи во Меѓународниот инстутут за климатски активности, прво здружение на експерти во Хрватска кое се занимава исклучиво со темите климатски промени и климатска политика. 

Целта на придружувањето кон институтот е вложување во одржливост и циркуларна економија, а од сите учесници се бара поврзување и засилување на соработката, отворен дијалог и постојана едукација. 

Во годината во која одбележуваме 130 години од нашето работење, ја потврдуваме нашата стратешка определба за одржливо работење и зелен раст, интегрирајќи ги начелата за кружна економија во сите сегменти. Заедничка цел ни е користење ресурси и намалување на притисокот врз околината со што воедно ги гарантираме нашата конкурентност и иновации, изјави Иван Артуковиќ, директор на „Франк“. 

Институтот за климатски активности ги опфаќа сите учесници во овој процес предводејќи интеграција на климатските цели во сите политики, поттикнувајќи постојана комуникација меѓу законодавните тела, експертите, деловниот сектор и граѓаните. 



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...