Регион

БиХ: „Ласта“ почна со производството

03 Feb 2022

По долгогодишен прекин на производството и стечај, кондиторската фабрика „Ласта“ во БиХ повторно проработе. Првите кекси, колачи и познатата штрудла на „Ласта“ би требало да се најдат во продавниците на почетокот на пролетта. 

Во фабриката има нови вработени. Сите стари машини се исфрлени и се воведени нови технологии, односно нова апаратура. Станува збор за опрема од познати добавувачи за оваа врста производство, изјави Марија Толиќ, менаџерка на проектот за инсталации на машини во „Ласта“.  

Нов сопственик е Петар Ќорлука, сопственикот на „Виолета“, кој во опрема и во инфраструктура во фабриката вложи околу 30 милиони конвертибилни марки. 

Ако се водите од високи критериуми, успехот не може да изостане. Ги подобривме рецептите, имаме подобар квалитет на суровините, пакувањата и се што е во согласност со трендовите на светскиот пазар, како што тоа го прават најдобрите светски производители, рече Ќорлука. 

Од компанијата очекуваат дека иновациите, новите производи, вработувањата, воведувањето втора и трета смена и со извозот на европскиот пазар, производите на „Ласта“ ќе заземат значителен дел на пазарот. 

 

 



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...