Регион

dm со нов ценовен концепт во Србија

27 Jan 2022

Синџирот дрогерии „дм дрогерие маркт“ направи нов потфат со воведување долгорочни поволни цени, кои целосно ќе ја заменат досегашната политика на акциски цени.

Новиот концепт „Секогаш поволно“ стапи во сила на почетокот од годинава, за купувачите да можат да заштедат пари и време на подолг рок.

Како што соопштуваат од dm, со воведувањето ваков концепт на купување синџирот настојува на домашниот пазар да ги пренесе одржливите трендови и квалитетната практика на другите европски земји каде што работи dm.

Концептот „Секогаш поволни“ ќе им овозможи на купувачите да купуваат без стрес, без споредување цени, чекање ред и следење резерви или да складираат производи што можеби нема да им требаат во тоа време, изјави Весна Стојановиќ, директорка на „дм дрогерие маркт“ за Србија и Северна Македонија.

Отсега, наместо производи на двонеделни и месечни промоции, dm на своите купувачи им нуди голем број производи кои се карактеризираат со долгорочни поволни цени. Бројот на производи ќе продолжи да се зголемува, а нивните цени гарантирано ќе останат исти најмалку четири месеци. Дополнително, важен параметар е тоа што долгорочната поволна цена е значително пониска од редовните цени на пазарот, посочуваат од dm.



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...