Регион

Нови членови во Надзорниот одбор на „Атлантик група“

21 јан 2022

Надзорниот одбор на „Атлантик група“ доби два нови члена - Весна Невистиќ и Зоран Вучиниќ и сега брои девет членови. 

Др. Весна Невистиќ стекна богата експертиза на глобално ниво работејќи на високи извршни позиции во различни индустрии. Беше партнер на „МкКинси & Компани“ во Цирих и во Њујорк, директорка вп „Голдман сакс“ во Лондон и Цирих, раководителка на корпоративен развој на „УБС“ во Цирих, каде беше и дел од топ - менаџментот кој успешно ја реструктуираше банката по финансиската криза. Сега води своја советодавна „бутик“ компанија, „ВереНово гмбх“, со фокус на темите стратешки и деловни трансформации, а исто така е и неизвршен директор во управните одбори на три компании: „Компани финансиере ричмонт СА“, глобална групација за луксузни стоки со седиште во Женева; „Самскип БВ“, водечка паневропска компанија за мултимодален превоз и логистика со седиште во Ротердам и во компанија за аквизиции со посебни намени која котира на Њујоршка берза.  

Зад Зоран Вучиниќ се 33 години работно искуство, напредувања и врвни резултати во меѓународно корпоративно работење, стратешки маркетинг и управување со промени. Тој само што ја заврши меѓународната корпоративна кариера во корпорацијата „Кока кола“ со седиште во Атланта, на позиција оперативен директор за северноамериканската оперативна единица - глобално најголема деловна единица на компанијата „Кока кола“. Кариерата ја почнал во „Кока кола“ во 1988 година во Италија како директор на маркетинг одговорен за деловната единица за поранешна Југославија, Бугарија и Романија. Бил унапреден во директор на маркетинг за “Кока кола“ - Полска, а после тоа бил именуван за главен директор за Швајцарија и Австрија, за потоа да помине во компанијата „Кока кола Аматил Европа“ на позицијата директор за маркетинг и продажба. Потоа работел во Банкок и Тајланд, на функција заменик претседател на дивизијата одговорна за 12 земји кои ја сочинуваат деловната дивизија на Југозападна Азија. 

На одредено време ја напуштил компанијата за да посетува постдипломски студии на универзитетот „Масачутес институт оф технолоџи“ во САД, а потоа почнал да работи како консултат во компанијата „Егон Зехндер Интернешнл“ со седиште во Виена. Бил главен директор на млечната индустрија „Дукат“. Во „Кока кола“ се вратил во 2007 година на позиција претседател на деловните единици за Русија, Украина и Белорусија. Девет години подоцна се сели во Дубаи, каде бил унапреден на позицијата претседател на големи деловни единици на Блискиот Исток и Северна Африка со одговорност за вкупно 27 земји во регионот. 



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...