Регион

„Краш“ вложува 2 милиони евра во зголемување на платите

29 Dec 2021

Управата на „Краш“ во Хрватска и претставници на Синдикатот на вработените во земјоделската и прехранбената индустрија потпишаа анекс на колективниот договор според кој од 1 јануари 2022 година основицата за пресметка на платите ќе се зголеми за 160 куни (околу 22 евра), при што во вкупното зголемување на платите ќе бидат вложени околу 2 милиони евра, соопштија од „Краш“. 

Со новиот додаток се одредува зголемување на основицата за пресметка на платите од 2.600 на 2.700 куни. Платата ќе им биде зголемена на сите вработени во компанијата на кои со пресметката им се пресметува помал коефициент. 

Задоволството на вработените во “Краш“ секогаш е клучна цел и насока за сите наши активности бидејќи сме свесни дека тие се клух на успехот и на добрите деловни резултати во тек на сите 110 години од историјата на компанијата. Новиот додаток на колективниот договор  со кој влегуваме во 2022 година е резултат на согласност меѓу Управата на „Краш“ и социјалните партнери и гарантира уште подобри услови за работа за нашите вработени и задржување на бројните погодности што ги уживаат покрај веќе законски пропишаните погодности, изјави Славко Ледиќ, претседател на Управата на „Краш“. 

Станува збор за исплата на редовни награди, јубилејни награди, подароци за деца, теренски додаток, надомест за одвоен живот, надомест за превоз и за храна, разни бонуси, отпремнини и слично. 

 



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...