Регион

(ФОТО) Изгоре цел хипермаркет на „Темпо“ во Нови Сад

22 Dec 2021

Ноќеска изгоре хипермаркет на „Темпо“ во индустриската зона во Нови Сад. Повредени нема, но материјалната штета е огромна.

Пожарот избувнал околу 23 часот. Огнот го гаселе 54 пожарникари со 22 возила, а успеле да го стават под контрола по 3 часот утрово. На местото на настанот стигнале и голем број полицајци. 

Станува збор за објект со големина од 7.000 квадратни метри. Хипермаркетот работел 24 часа, па во моментот на пожарот таму имало неколку купувачи и десетина вработени. Сите биле навреме евакуирани. 

Причината за пожарот засега не е позната. 



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...