„Конзум“ од почетокот на 2022 година ќе ги зголеми платите на околу 9.000 вработени, во што вложи 100 милиони куни (околу 13 милиони евра), соопштија од „Фортенова група“. Трговецот воведува и нов начин на пресметка на платите, во бруто износ, наместо на основа на коефициент.
На трудот и придонесот на вработените се темелат сите наши деловни успеси. Посебно сум горд што нашите луѓе од година во година се докажуваат како најдобар и најголем малопродажен тим во Хрватска. Верувам дека со новото зголемување на најдобар начин ја искажуваме нашата благодарност за огромната работа што секојдневно се извршува во „КОнзум“, а воедно тоа е најдобар празничен подарок за нашите вработени и за нивните семејства, изјави Зоран Митрески, претседател на Управата на „Конзум“.
Повисоки плати ќе добијат вработените во малопродажбата, големопродажбата, логистиката и во онлајн продавниците. Во соопштението се вели дека најновиот раст на платите е резултат на квалитетната соработка и договорот со социјалните партнери и „Фортенова група“, во чиј склоп работи и „Конзум“.
„Конзум“ ги продолжува континуираните настојувања да им обезбеди на работниците уште подобри услови за работа. И во минатите години редовно беа зголемувани платите и надоместоците, се исплаќаат додатоци за Божиќ, за Велигден и регрес, се даваат подароци за новородено дете, јубилејни награди, надоместок за топол оброк и за превоз, награди за особен придонес, слободен ден за родителите на првачиња, дополнително здравствено осигурување и други поволности, соопштија од „Фортенова група“.
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.