Регион

„Лидл“ слави 15 години работење во Хрватска

16 Nov 2021

Трговскиот синџир „Лидл“ прославува 15 години работење во Хрватска. Роденденот го дочека со 103 продавници, 3.200 вработени, 2 логистичко - дистрибутивни центри и третиот во изградба. 

Веќе 10 години го носиме сертификатот Партнер - работодавец и со години го држиме високото второ место меѓу работодавачите кои се прв избор на работниците. Последните 15 години со бројни проекти ги поддржавме домашните добавувачи. Уште од доаѓањето на хрватскиот пазар во 2006 година постојано вложувавме во нови продавници, па од почетните 13, до крајот на годинава ќе имаме 105 продажни места. Во Хрватска вработуваме 3.200 работници. Нашите деловни резултати покажуваат дека купувачите ја препознаа едноставноста како клучен концепт на работењето на „Лидл“ - најдобар однос на цената и квалитетот, огромната посветеност кон свежи производи, како и брзото и практично купување, соопштија од „Лидл“. 



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...