„Глово“ е една од водечките апликации во светот која им нуди на луѓето од 26 земји во над 100 града да нарачаат брза испорака на производи, како и разни курирски услуги.
Во соработка со „Глово“, продавниците на „Гомекс“ лансираа услуга која им овозможува на сите потрошувачи да добиваат намирници на домашна адреса. Отсега корисниците можат да ја изберат опцијата супермаркет „Гомекс“ преку веб - страницата или апликацијата Glovo и да ги нарачаат посакуваните производи.
Се трудиме секогаш да ги слушаме потребите и да им обезбедиме најдобра можна услуга на нашите клиенти. Затоа со задоволство им даваме можност на сите клиенти да си го направат купувањето побрзо, полесно, без метеж и стресови, а нарачаните производи да ги имаат кај себе за најмногу 60 минути, се вели во соопштението од компаниите.
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.