Регион

„Делез“ - Србија ја поддржа програмата „Мојата прва плата“

02 Nov 2021

„Делез“-Србија се вклучи во програмата на Владата на Република Србија „Мојата прва плата“ и со тоа поддржа една од мерките за поддршка на стопанството и поттикнување на вработувањето на младите и решавање на проблемот со недостигот на кадар во стопанството.

Младите што имаат помалку од 30 години и немаат работно искуство имаат можност да аплицираат во компанија која е во првите пет работодавци меѓу помладата популација, да стекнат нови знаења и да добијат поддршка во првите чекори во нивната кариера, според овој малопродажен синџир.

Заинтересираните можат да аплицираат за голем број позиции во различни сектори – од продажба, преку синџирот на снабдување, секторот за човечки ресурси, правни работи и финансии.

Младите што ќе бидат избрани, во период од девет месеци, ќе поминат обука за работа во посакуваните сектори и ќе имаат можност од прва рака да стекнат увид како да извршуваат различни работи во динамична средина и да запознаат потенцијални идни колеги. По завршената пракса се отвора простор компанијата да одлучи за продолжување на соработката со оние што покажале потенцијал за работа.

Со големо нетрпение ги очекуваме новите колеги и веруваме дека сите оние што ќе ги градат своите први професионални чекори преку проектот „Мојата прва плата“ преку нашиот систем ќе имаат можност да се запознаат со сите придобивки од работењето во меѓународна средина која ги вреднува различноста, посветеноста и придонесот на секој поединец, рече Марко Бабиќ, потпретседател за човечки ресурси и организациски развој на „Делез“ - Србија.



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...