Регион

БиХ: „Ласта“ почна со работа

18 окт 2021

Фабриката за производство на кекси и вафли „Ласта“ почна да работи. Се произведуваат најпознатите кондиторски производи во фабриката во Чаплина, но со подобрени рецептури и пакувања за да се задоволат највисоките стандарди за квалитет, потврди Петар Ќорлука, претседател на управата на „Виолета“, кој е нов сопственик на „Ласта“. 

Тестирањето на производството е во тек. Не сме оптоварени со време, ја тестираме опремата. Барањата се високи и се мора да биде готово пред да излезе на пазарот. Производот ќе биде финален кога ќе се потврди високиот квалитет кој „Виолета“ веќе го има. Сите работи се одвиваат според планираниот распоред и по упатствата на струката - технолози, инженери, консултанти, изјави Ќорлука. 

Тој не можеше да прецизира кога производите на „Ласта“ ќе се најдат на полиците на маркетите, нагласувајќи дека се зависи од ускладувањето на новите машини. 

Се очекува познатата штрудла на „Ласта“ да е првиот меѓу првите производи кои ќе бидат лансирани на пазарот, но со промени во смисла на подобрени суровини и амбалажа. 



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...