Регион

„Франк“, „Бадел 1862“ и „Краш“ потпишаа спонзорство за „Цибона“

21 Sep 2021

„Франк“, „Бадел 1862“ и „Краш“ ги обновија повеќегодишните спонзорски договори за кошаркарскиот клуб „Цибона“.

На потпишувањето присуствуваа Иван Артуковиќ, претседател на Управата на „Франк“, Домагој Јеленц, член на Управата на „Бадел 1862“ и Домагој Чавловиќ, директор на „Цибона“. 

„Франк“ беше со „Цибона“ во најдобрите, но и во најтешките моменти - станува збор за повеќе од 40 години поддршка и соработка која ја продолжуваме како спонзори и во оваа сезона. Ја поддржуваме младата, талентирана и амбициозна екипа со исклучителен потенцијал, но и развојот на кошарката од најниска возраст до професионално ниво, рече Артуковиќ. 

„Цибона“ е клуб со 75 годишна традиција и еден од симболите на хрватската кошарка. 

 

 



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...