Регион

Погоните на „Житопромет“ повторно во функција

10 сеп 2021

Претпријатието „Нови Житопромет“ од Бијелиња во моментов има договори со повеќе од 100 трговски куќи во регионот и испорачува повеќе од 1.000 лебови дневно, потврди менаџерот за производство, Душан Томиќ.

Тој изјави дека првите производи на „Нови Житопромет“ кои се појавија на полиците на продавниците на 1 септември, се препознатливи по својот квалитет и рецепт бидејќи се произведени со најниска доза на адитиви.

Тој потсети дека „Павгорд“ од Фоча го купил имотот на оваа компанија, ремонтот траел околу три месеци, а официјално „Нови Житопромет“ почна со работа на 1 март.

Иако конкуренцијата сега е малку поголема во споредба со периодот пред неколку години, Томиќ вели дека компанијата нема причина да се грижи, бидејќи имаат врвен квалитет.

Во фабриката во моментов работат 60 работници.



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...