Четвртиот пчеларски саем на Југоисточна Европа и Вториот меѓународен саем на лековити, зачински и украсни билки и пчелни производи ќе се одржат во сабота (11 септември) во Врање.
Саемите ќе се одржат од 7 до 19 часот во Спортско рекреативниот центар на Врање, на булеварот Патријарх Павле.
Сите заинтересирани учесници од Македонија ќе можат бесплатно да учествуваат на штандот на Комората на органски производители (КОП), а треба да се пријават најдоцна до петок до 15:00 часот.
Се надевам дека ќе бидеме добри домаќини како и во сите претходни години, се истакнува во поканата на градоначалникот на Врање, Слободан Миленковиќ.
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.