Регион

„Лидл“ го претстави новиот бренд на домашни производи

03 Sep 2021

Компанијата „Лидл“ – Србија го претстави својот нов производ бренд S ljubavlju, domaće, кој се состои од околу 80 производи исклучиво од домашни доставувачи.

Во постојаната понуда на „Лидл“, потрошувачите ќе можат да купуваат домашни производи кои, покрај српското потекло, се карактеризираат со високо ниво на квалитет и специфични својства. Од крајот на август, овие производи може да се најдат исклучиво во продавниците на „Лидл“ во повеќе од 30 градови во Србија.

Новиот бренд беше претставен на панел дискусија по повод „Со љубов, домашно - зошто е важно да се подобрат квалитетот на производот и стандардите за производство“. Томислав Шапина, кој во поздравниот говор им се заблагодари на вработените во „Лидл“ и на партнерите истакна: Од пристигнувањето во Србија, нашата компанија инвестираше 390 милиони евра до денес, а проектот S ljubavlju, domaće е еден од начините да ги исполниме нашите ветувања и да инвестираме во домашната економија. Соработувајќи со нас, доставувачите имаат сигурен пласман на производи во Србија, но се разгледува и можноста за извоз на конкурентни, странски пазари.

Никола Балабан, извршен директор за набавка во „Лидл“ – Србија, додаде дека на овој проект работат повеќе од една година и сите доставувачи имаат меѓународнен сертификат IFS.



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...