Во понеделник на 6 септември, „Јамница“ ќе им обезбеди слободен ден на сите вработени чии деца ќе почнат да одат во прво одделение.
Како што соопштуваат од компанијата, првиот училиштен ден е еден од највозбудливите и најважните денови во животот на децата и нивните родители. Од таа причина, „Јамница“ веќе втора година по ред им овозможува на 70 вработени да поминат повеќе време со своите деца.
Среќен сум што компанијата во која работам препозна дека овој ден е многу важен за нас родителите, ни излезе во пресрет и ни овозможи да бидеме со нашите деца, вели Лука Матана, татко на прваче, вработен во „Јамница“.
Континуираната грижа за вработените е една од петте стратешки одредници за одржливо работење на групацијата „Фортенова“, во чии рамки освен „Јамница“, спаѓаат и други две производствени компании: „Сарајевски кисељак“ во БиХ и „МГ Мивела“ во Србија.
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.