Регион

Руски „Мере“ влегува на пазарот во БиХ

09 Aug 2021

Рускиот трговски синџир „Мере“ плснира да го прошири своето присуство на Балканот со влегување на пазарот во Босна и Херцеговина со отворање на најмалку десетина малопродажни објекти, пренесе порталот Бизнисинфо.  

Првите дисконти „Мере“ планира да ги отвори во Сараево, Тузла, Зеница, Мостар и Бања Лука. Истите ќе се простираат на површина од над 1. 000 квадратни метри. 

Освен во БиХ, „Мере“ планира да влезе и на пазарите во Македонија, Грција и Бугарија. Во регионот, дисконтот почна прво да работи во Србија, отворајќи ги првите продавници во декември минатата година. 



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...