Регион

Хуманитарна акција на „Фриком“

26 Jul 2021

„Фриком“, еден од водечките производители и дистрибутери на сладолед и смрзната храна почна акција со Институтот за трансфузија на крв во Србија, при што ќе му дава свој производ на секој дарител на крв. 

Акцијата почна на 15 јули и ќе трае до 31 август.  

На овој начин сакаме да ја поддржиме хуманоста на дело и истовремено да поттикнеме и други на овој хуман чин. Општествената одговорност е една од најважните карактеристики и дел идентитетот на нашата компанија. Сакаме да испратиме порака дека е важно да се работи на јакнење на заедницата, укажувајќи дека со заеднички сили може да се постигне повеќе отколку со индивидуално дејствување, соопштија од „Фриком“. 

 



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...