Регион

„Подравка“ го модернизира производството на коцки за супа

05 јул 2021

Управата на „Подравка“ донесе одлука за технолошка модернизација на процесот на производство и пакување на зачинските коцки за супа (бујони). 

Станува збор за вложување од 9 милиони куни со што ќе се овозможи двојно зголемување на производството на одредени категории производи со што ќе се искористи потенцијалот за натамошен пораст на бројните пазари. 

Новата производна линија ќе овозможи натамошен раст на асортиманот, како и иновации во пакувањето. 

Коцките за супа на „Подравка“ се продаваат на триесетина пазари ширум светот. Годишниот приход од продажба е над 30 милиони куни. 

Покрај на домашните пазари, со лансирањето на коцките Vegeta Natur минатата година беше направен исчекор на пазарите во средна Европа, со акцент на Полска. Со истата линија на производи, Полска е присутна и на пазарот во Австралија. 



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...