Регион

Тим за заштита на животната средина и одржлив развој во „Сапониа“

12 May 2021

Важноста на дејствување во согласност со принципите на одржлив развој се вградени во мисијата и визијата на „Сапониа“ со цел унапредување на заштитата на животната средина и општествено-одговорниот бизнис.

Со рационално управување со енергијата и природните ресурси и нејзиниот одговорен бизнис, компанијата континуирано го намалува негативното влијание врз животната средина, што е потврдено со досега спроведените проекти. За понатамошно, уште подобро дејствување во спроведувањето на краткорочните и долгорочните цели Управниот одбор на „Сапониа“ назначи посебен тим за заштита на животната средина и одржлив развој.

Членовите на воспоставениот тим досега беа вклучени во процесите на одржлив развој во „Сапонија“, и преку синергија и под стручно водство на Маријана Сабљиќ тие ќе ги постигнат планираните цели кои се во согласност со упатствата усвоени од Владата на Република Хрватска за Програмата за одржлив развој на Обединетите нации до 2030 година.

 

 

 



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...