Регион

„Шпар“ доби сертификат IFCO за одржливост за 2020 година

05 мај 2021

Грижата за животната средина е приоритетна задача на компанијата „Шпар“ - Словенија, која, меѓу другото, се реализира со воведување најсовремени технологии и еколошки материјали во нивните продавници.

Тие посветуваат посебно внимание на намалувањето на пластичниот отпад, затоа користат биоразградливи материјали и поттикнуваат повторна употреба на амбалажата.

Како дел од нивните напори да обезбедат одржлив синџир на производство, тие добија сертификат за одржливост за 2020 година од IFCO SYSTEMS.

Како дел од проектот Заедно за помалку пластики, „Шпар“ го намалува количеството на пластична амбалажа веќе неколку години.

Со цел да се намали количината на непотребен отпад во нивните продавници, тие овозможуваат набавки без пакување или со пакување што може да се врати, а во сите продавници овозможуваат враќање на шишињата во автоматите „Томра“, заштедувајќи на годишно ниво речиси 1.800 тони празни шишиња.



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...