Прехранбената индустрија „Кристал 123“ АД - Велес ќе продава дел од нефункционалниот имот во земјава. Продажбата ја одобри Акционерското собрание на вчерашната седница.
Како што е објавено на Македонска берза, компанијата ќе продава магацински простор и продавници кои се оценети како нефункционални. Меѓу објектите кои се на продажба е и стоковна куќа „26 јули“ во Скопје со површина од 1.370 м2 .
Компанијата ги продава магацините во битолското село Логоварди со вкупна површина од 17.511 квадратни метри од кои градежни објекти се со површина од 5.647 м/2 и двор во површина од 11.864 м/2, како и магацинскиот простор во Кичево.
Како нефункционлани објекти компнијата ги назначи за продавање и продавницата од 167 квадратни метри во Битола и продавницата од 45 квадрати која се наоѓа во Куманово.
Објектите ќе се продадат по пат на јавна продажба или со непосредна спогодба според пазарни цени кои се најповолни на продажбата за друштвото.
Извор: Плусинфо
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.