Регион

„Нелт“ објави конкурс за програмата „Добар почеток 6“

08 Apr 2021

Годинава компанијата „Нелт“ објави конкурс за платена развојна програма „Добар почеток“. Шести пат по ред, студентите на последната година, матурантите или магистрантите имаат можност да стекнат професионално искуство и да обезбедат добар почеток во кариерата преку платена обука за позиција во областа на Key Account Management во оваа компанија.

Внимателно дизајнираната програма за обука под слоганот „Клучот е во добриот почеток“, им отвора простор на учесниците да стекнат работно искуство во областа на продажбата. Преку шестмесечна интензивна работа со колегите, менаџерите за клучни клиенти со долгогодишно искуство, учесниците ќе имаат можност да се запознаат со различни нивоа на организација на продажба, како и со должностите и одговорностите, објаснуваат од „Нелт“.

Од компанијата додаваат дека преку обуки и работилници и активна работа со ментори, младите луѓе добиваат сеопфатен увид во функционирањето на продажбата во голем систем и ги минуваат сите ситуации со кои можат да се соочат во идната работа. Секоја фаза од програмата вклучува проценка на стекнатото знаење на учесниците.

Програмата нуди богата содржина дизајнирана така што преку обука, работа со ментори и развој на проекти, ќе добиете знаење за продажбата почнувајќи од основите. Ако ги додадете вашите лични амбиции, желбата да направите интересна, динамична работа, да го проширите вашиот деловен имиџ, јасно е зошто треба да се одлучите за оваа програма, вели Ѓорѓе Кузмановиќ, Key Account Manager и студент на генерацијата 2018/2019.

Водени од идејата дека вредните млади луѓе ја претставуваат иднината на компанијата и домашната економија, „Нелт“ која вработува повеќе од 4.000 луѓе и работи на два континента, ги рангира инвестициите во образованието меѓу нејзините стратешки приоритети.



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...