„Краш“ и групацијата „Нелт“, регионални лидери во нивните области на деловна активност, воспоставија соработка во областа на дистрибуцијата, покажувајќи подготвеност да одговорат на растечките побарувања на пазарот и потрошувачите.
Соработката обезбедува значително зголемување на достапноста на опсегот на „Краш“ на пазарите во Србија, Босна и Херцеговина, Црна Гора и Албанија и претставува проширување на дистрибутивното портфолио на „Нелт“.
Многу сме среќни што стапивме во оваа соработка во годината во која ја славиме 110-годишнината од постоењето на „Краш“. Веруваме дека преку соработка со групацијата „Нелт“ ќе направиме дополнителен чекор напред во бизнисот на задоволство на сите потрошувачи, рече Славко Ледиќ, претседател на „Краш“.
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.