Компанијата „Кенди раш“ од Белград ја купи прехранбената индустрија „Дуња“, во која спаѓа и фабриката за чоколада „Симка“ во Врање, изјави стечајниот управник Михајло Коруга. Популарната „Симка“ е продадена за 1,6 милиони евра.
На јавниот тендер на 30 март беше објавен купувач, кој плати депозит од нешто повеќе од 600 илјади евра и ги прифати сите услови. По потпишувањето на договорот, купувачот има 8 дена да го плати преостанатиот дел, објасни Коруга.
Фабриката за чоколада во Врање е основана во 1997 година и се наоѓа во индустриската зона во тој град, веднаш до населбата. Има 5.284,1 м² простор за производство на кондиторски производи, а како што е наведено во огласот за продажба, технолошки е опремен за производство според најсовремени стандарди.
Прехранбената индустрија „Дуња“ е во банкрот од март 2020 година.
Компанијата „Кенди раш“ се занимава и со производство на кондиторски производи, а Коруга посочува дека желбата на поранешните работници е повторно да почнат со производството во Врање.
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.