Компанијата „Марс“ го именуваше Предраг Милинчиќ за нов регионален директор за Балканот.
Тој ѝ се придружи на компанијата во 2017 година, преземајќи ја тогаш функцијата директор за источен Балкан (Србија, Црна Гора, Македонија, Косово и Албанија). Две години подоцна, неговите одговорности се проширија и на Бугарија. Со последната функција, во негова надлежност се и пазарите на Хрватска, Словенија и Босна и Херцеговина.
Од „Марс“ соопштија дека Милинчиќ добро го познава регионов и дека неговото искуство, остварените резултати како и продажните и лидерските вештини ќе придонесат за унапредување на работењето и развој на вработените во компанијата. Тој ја презеде функцијата од Дарија Шуштершиќ, досегашна директорка на „Марс“ за регионот Западен Балкан, која оди на нова позиција за регионот ДАЦХ, кој ги опфаќа Германија, Австрија и Швајцарија.
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.