БиХ: Oreo инспириран од Лејди Гага на полиците во продавниците
09 Mar 2021
Класичното сино пакување на оригиналниот бисквит Oreo претрпе трансформација во живописна розова боја инспирирана од корицата на албумот Chromatica на пеачката Lady Gaga.
На специјалните пакувања од ограничената серија, потрошувачите можат да го скенираат QR-кодот со цел да пристапат до OREOgrami со Лејди Гага, да прочитаат мотивирачки пораки на пејачката, да споделат музика со пријателите, семејството, колегите и сите најблиски.
Исто така, ќе почне уникатен натпревар на кој љубителите на ова колаче ќе можат да ја споделат својата изведба на песната Stupid Love, а видеа од најдобрите изведби ќе бидат поставени во виртуелно видео од „дуетот“ со Лејди Гага .
Љубителите на бисквитите Oreo во БиХ, конечно ќе можат да уживаат во производот од соработката со Лејди Гага. Се надеваме дека ова партнерство ќе ги забавува нашите фанови оваа година, изјави претставникот на компанијата „Монделез“, Ирена Смиjаниќ.
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.