Регион

Малите производителите од БиХ отсега повидливи

02 Mar 2021

Подигањето на свеста за домашните производи честопати се наведува како еден од предусловите за посилен економски развој и закрепнување.

Токму затоа, преку кампањата „Храна за гурманите“, поддржана од „УСАИД Фарма“ – Шведска, лансирана е веб-страницата www.hranagurmana.ba каде што малите производители од БиХ ќе бидат повидливи.

Според иницијаторите, веб-страницата дополнително ќе придонесе за промоција на малите производители на високо квалитетна храна од овошје и зеленчук, млечни производи, живина, пчеларство и лековити и ароматични растенија, шумски плодови и печурки. Таа ќе ги поврзува производителите на храна, потрошувачите и другите партнери во заеднички синџир на вредност од поле до маса. Затоа, страницата исто така вклучува специјализирани продавници и ресторани кои својата понуда ја базираат на. производи од БиХ.

Со кампањата досега се поддржани 139 висококвалитетни производители на храна, 20 продавници и 23 ресторани.



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...